Излегоа на виделина детали од бруталното убиство од страна на саудиските власти на новинарот Џамар Кашоги. Убијците го распарчиле на три дела, на главата, трупот и нозете а потоа остатоците ги ставиле во куфери и торби и во паника ги фрлиле во бунар во дворот на резиденцијата на Саудијска Арабија во Истанбул.
Бунарот бил длабок 12 метри а турските власти се уште немаат дозвола да го прегледаат, но делови од телото биле пронајдени во некоја од собите во Конзулатот.
Во меѓувреме ФБИ добиле пристап од доказниот материјал кои го собирале турските власти и од преслушаната снимка се слуша како неколкумина моструми го сечат и на живо го убиваат несреќниот Кашоги.
Причината за убиството најверојатно е што тој бил близок со моќниот принц Алвалид кој не е во добри односи со актуелниот владар на Саудијска Арабија, принцот Салман.
Comments are closed for this post.