Американските регулаторни тела одобрија можност фармерите да одгледуваат генетски модифициран памук, со цел да може и семето од него да се употребува како храна за луѓето.
Ваквата одлука доаѓа од идејата семето биде нов извор на храна, потенцијално богата со протеини, што може да се покаже како корисно во држави каде се одгледува памук, а истовремено владее неисхранетост на населението.
Генетски модификуваното семе на памук што би можело да се користи како храна за луѓе е развиено од научници од Универзитетот АиМ во Тексас, кои добија дозвола за негово одгледување од Инспекциската служба за контрола на растенија и животни во американското Министерство за земјоделство. Сепак, семето на памукот на новоразвиеното растение се уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека на дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).
Во светот, памукот се одгледува за производство на текстил, додека неговото семе се користи за храна за животни, стока и овци кои имаат повеќе комори во желудникот. Но, памуковото семе не се употребува за исхрана на луѓето, бидејќи содржи големи количини токсини.
Ако количината на семето на памук што моментов се произведува во светот се користи за исхрана, тоа би било доволен извор на протеини за речиси 575 милиони луѓе, нагласуваат научниците.
Comments are closed for this post.