Руските власти замрзнаа банкарски сметки поврзани со лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој е во затвор заради истрага за наводно перење пари, соопштија истражителите.

Меѓу замрзнатите сметки е и сметката на Антикорупцискиот фонд основан од Навални, лични сметки на некои негови соработници, како и оние што му припаѓаат на неговиот штаб.

Овој потег доаѓа откако истражителите во саботата отворија кривична истрага дека Фондацијата Навални наводно испрала една милијарда рубљи (околу 15,31 милиони долари).

Навални и неговите соработници тврдат дека Фондацијата транспарентно е финансирана од јавни донации.

Навални во моментов е во затвор поради кршење на руските строги закони за протести