Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељаев во интервју за рускиот портал „Вести“ го објасни просечниот профил на луѓето кои најчесто заболуваат од рак. . Шепељаев нагласи дека тоа се претежно луѓе над 50 години кои се под постојан стрес.
Според него, луѓето кои се постојано уморни, преоптоварени со работа и имаат сериозни финансиски проблеми, поради што не можат да си дозволат квалитетна здравствена заштита пред самата болест, најчесто заболуваат од рак.
„Типичен пациент со дијагностициран рак е лице, без разлика дали е машко или женско, над 50 години. Како по правило, ова е лице со малку разбушавена коса и криви очи, преоптоварено со работа и со многу кредити или долгови. Нему му е потребна најевтина терапија, бидејќи за другите нема. За жал, тоа често се луѓе кои едноставно се занемариле себеси“, беше јасен Шепаљаев.
Овој онколог нè потсети дека ракот е имуно-зависна болест; кај некои луѓе може да се појави дури и пред 45-годишна возраст, а некој може да се разболи дури по 80-тата година. Сето тоа зависи од функционирањето на антитуморската компонента во телото.
Comments are closed for this post.