Руската валута драстично паѓа. Во средата за еден американски долар можеа да се купат 117 рубљи, откако валутата падна за 10% и достигна ново рекордно ниско ниво. Рубљата е уште послаба на офшор пазарот оваа недела.
Последниот пад дојде откако руската Народна банка им забрани на Русите да купуваат американски долари и им нареди на банките да ги ограничат плаќањата од девизните сметки на 10.000 долари во следните шест месеци.
Сергеј Алексашенко, поранешен вработен во руското Министерство за финансии и Народната банка, ја опиша стратегијата како „неверојатна глупост“ што може да доведе до напад врз банките.
– Очигледно, одливот на девизни депозити од руските банки ги надмина прогнозите на Банката на Русија и ја доведе во прашање способноста на банките да ги исполнат своите обврски – напиша тој во билтенот. – Најголемата грешка што монетарната влада може да ја направи во Русија е да допре до приватните заштеди
Comments are closed for this post.