Француските велосипедисти наскоро ќе мора да ги регистрираат своите велосипеди, затоа што француските власти сакаат да ја зголемат нивната употреба, но и да ги намалат кражбите.

Предлогот ќе биде презентиран од страна на француската Влада до крајот на годината, а се очекува да стапи во сила во 2020 година.

Истовремено, секој граѓанин што ќе одлучи да купи велосипед ќе треба да добие субвенции слични на оние што им се дадени на вработените за користење на јавниот превоз.

Според статистичките податоци, помалку од два отсто Французи користат велосипед како средство за транспорт до работа. Најголемиот дел, повеќе од 70 проценти, на работа одат со автомобил, 13 проценти користат јавен превоз, додека 4,5 проценти се пешаци.

Се проценува дека во Франција има 21 милион велосипеди, но и речиси 1.100 кражби на велосипеди секој ден.