Турскиот весник објави нови детали од снимката во која, наводно, биле снимени последните моменти на убиениот саудиски новинат Џамал Кашоги.
Истакнатиот владин критичар беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул минатиот октомври.
Провладиниот турски весник „Сабах“ пишува дека до снимката од грозоморното убиство во саудискиот конзулат во Истанбул дошла од турската разузнавачка агенција.
Според транскриптот на снимката, член на саудискиот тим му вели на Кашоги дека мора да биде вратен во Ријад поради налог на Интерпол. Исто така, се додава дека Саудиецот го принудува Кашоги да му испрати порака на синот во која му пишува да не се грижи ако не му се јавува.
Новинарот, наводно, одбил да ги исполни барањата на групата, а според весникот, потоа бил дрогиран.
Тој, наводно, потоа им кажал на своите убијци, според неговите последни зборови, да не му ја затвораат устата поради тоа што бледува од астма, но потоа изгубил свест.
Comments are closed for this post.