Сè поголем е бројот на Британци кои поради Брегзит подготвуваат залихи на храна и лекови, покажува новото истражување, спроведено помеѓу 5 и 9 септември.
Според податоци за агенцијата Кантор, специјализирана за анкети, девет отсто од жителите на Велика Британија веќе се снабдиле со најнеопходни прехранбени продукти пред 31 октомври, датум за напуштање на државата на ЕУ. Тоа се три проценти повеќе од податоците за август.
Подеталниот преглед на истражувањето покажува дека најголем процент на оние кои се снабдуваат со храна се поддржувачи на Либерално-демократската партија, која е единствената партија со јасен став да остане во ЕУ.
Покрај тоа, возрасната група од 25-34 години е најмногу загрижена за овој проблем, каде преовладуваат мажи.
Во говорот пред Конгресот на британските синдикати, лидерот на лабуристите Џереми Корбин предупреди дека Брегзит без договор ќе доведе до загуба на работни места, зголемување на цените на храната и недостиг на лекови.
Comments are closed for this post.