Лани светот го обиколија фотографиите на кои можеше да се види како снег ја покрива пустината, а сега дојде време да видиме ретки слики од поплави во пустина. И тоа катастрофални.

Како резултат на жестоки бури прдизвикани се поплави во јорданската пустина, но и во Саудиска Арабија.  Во Петра загинаа 11 лица, а мораше да се нареди итна евакуација на едно од најпознатите турситички места, затоа што реки кал дојдоа со неверојатна брзина. Во тој момент во античка Петра имало 4.000 туристи кои во паника бегаа на сигурно.


Сега имаме можност да гледаме видеа на кои се гледат поплавите во саудиската пустина и како еден пустински пејзаж за момент се претвора во калливи води кои носат се пред себе – од камили, до возила.