Лидерите на Европската унија се собираат денеска и утре на средба во Брисел на која ќе се одлучува за наследникот на Жан Клод Јункер како претседател на Европската комисија. На средбата ќе се расправа и за тоа кој ќе ја предводи Европската централна банка и Европскиот совет.
Во поканата кон европските лидери претседателот на ЕС, Доналд Туск вели дека е „внимателен оптимист“ за постигнување согласност за распределбата на топ позициите.
Одлуката треба да биде донесена пред првата седница на новоизбраниот Европски паралмент што е закажана за почетокот на јули и на која европратениците ќе избираат свој претседател. Ако лидерите не успеат да се договорат денеска, ќе треба одново средба во Брисел во крајот на овој месец.
Туск веќе три недели води разговори со политичките групи во Европарламентот и со различни европски лидери.
Comments are closed for this post.