Петицијата со илијадници потписи која го поддржува Џулијан Асанж да добие политички азил е спремна да биде претставена пред парламентот на Нов Зеланд.
Политичарот на Лабуристичката партија Грег О’Конор рече дека иако не го поддржува Асанж во добивањето на азил во Нов Зеланд, сепак ќе ја презинтира петицијата пред парламентот откако повеќе од 2.000 луѓе го дадоа својот потпис за поддршка на основачот на Викиликс.
Парламентарната петиција, која започна во јули 2018, ќе биде поднесена до службата на парламентот за распределба на одбраната комисија за формално разгледување.
Petition to offer #Assange asylum in #NewZealand to be presented to parliament https://t.co/LHt4ZnO6A8 pic.twitter.com/8e32A2tem4
— RT (@RT_com) September 10, 2018
Групата “Слобода за Асанж НЗ” соопшти дека нема да ја заборават маката на која е ставена Австралија и ја следат колумната на Челзи Менинг на нејзината турнеја низ земјата за да ги потсети луѓето за петицијата и за нејзиниот политички напредок. Во саботата вечер, приврзаниците на Асанж се собраа пред театарот на амбасадата каде што зборуваше Манинг.
Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон која му обезбеди азил во 2012 година. Баран е од САД откако тој објави класифицирани документи кои протекоа од страна на војникот на американската армија Челзи Менинг.
Comments are closed for this post.