Папат Франциск одржа миса во Абу Даби, со што стана првиот поглавар на Римокатоличката црква што одржал служба и го посетил Арапскиот Полуостров. Како што соопшти, портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти, според проценките на локалните организатори, службата ја следеле околу 180 илјади луѓе.
Гисоти истакна дека се поделени 135.000 карти за седење на градскиот стадион Зајед, но оти мисата ја следеле и повеќе илјади луѓе околу стадионот.
На службата, Папата говореше на италијански и на англиски јазик. Тој упати молитва за мигрантите и за завршување на конфликтите во Светот.
Дводневната посета на Абу Даби, Папата ја искористи да ги повика христијаните и муслиманите на поголема соработка.
На аеродромот во Абу Даби, Папата го испрати престолонаследникот, шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан заедно со локални официјални лица.
Here is how #PopeFrancis was received at the stadium for the Holy Mass.#PopeFrancisinAUE pic.twitter.com/oxNcnXCItl
— Zenit English (@zenitenglish) February 5, 2019
Comments are closed for this post.