Teнзично е  во северозападно Мексико по информациите дека е уапсен синот на озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман.

Овидиј Гузман-Лопез во текот на ноќта бил уапсен во градот Кулијакан во државата Синалоа.

Се верува дека тој е висок член на картелот Синалоа – една од најголемите криминални организации за трговија со дрога во светот.

радоначалникот Хуан де Диос Гамез на Твитер потврди дека федералните вооружени сили спроведуваат операција во Кулијакан и дека таа предизвика насилство во градот и во другите делови на државата.

„Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во различни делови на градот“, рече тој.