Европскиот Систем за сателитска навигација „Галилео“ претрпе голем дефект. Мрежата не работи од петокот поради оштетување на земната инфраструктура, но службите за итни случаи не се засегнати.
Привремено ќе бидат недостапни услугите за позиционирање и мерење на времето. Се работи на отстранување на проблемот – соопштија од Европската вселенска агенција.
„Галилео“, системот што чинеше околу 10 милијарди евра, првпат беше ставен во функција во 2016 година. Седиште му е во Прага, како сателитски навигациски систем на Европската Унија.
Comments are closed for this post.