Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“.
Претседателот на францускиот парламент, Ришард Феран, потврди денеска дека посетата на Јункер ќе биде одложена. Јункер требаше да се обрати пред француските пратеници од Долниот дом и да одговара на нивните прашања.
Оваа одлука, донесена согласно претседателите на сите политички групи, ќе овозможи да се даде приоритет на седница посветена на актуелните прашања до влада, соопштија од францускиот парламент.
Јункер требаше да одржи и работна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон. Нејасно е дали оваа вечера, исто така, е откажана или одложена.
Франција веќе три недели се соочува со сѐ понасилни протести на граѓани познати како “Жолтите елеци“ кои бараат да се понишатат одлуките за зголемување на таксите за дизелот.
Comments are closed for this post.