Еден од двајцата осомничени дека шпионирале за Обединетите Арапски Емирати извршил самоубиство со бесење во истанбулскиот затвор Силиври, соопшти денеска турското Министерство за правда.
Двајцата осомничени се уапсени на 19 април и признале дека шпионирале за ОАЕ, а Турција истражува дали едниот од нив е поврзан со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Осомничените се товарат за меѓународна, политичка и воена шпионажа.
Comments are closed for this post.