Едно од најопасните места за жените е нивниот дом, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединетите нации за рамноправност на половите, насловен „Напредокот на светските жени“.
Шокантното секојдневно злоставување на партнерот статистички значи дека домот е едно од најопасните места за жената – вели извршната директорка на Агенцијата ОН Жени (UN Women) Фумзиле Мламбо-Нгкука.
Во извештајот се повикуваат државите членки да повлечат потези и да ги прифатат законите со кои ќе ги заштитат жените од семејно насилство. Во него се посочува дека спрегата на патријархална моќ, власт и контрола над жените и децата можат семејството да го направат опасно место, каде насилството над жената се простува и постојано се повторува.
Во 19 од 189 земји и територии опфатени со истражувањето, законите од жената строго бараат послушност кон сопругот. Во 11 од нив, брачното силување не е криминализирано со закон.
Околу 76 отсто од земјите во светот до 2018 година имале закони кои го сузбиваат семејното насилство. Но, дури 17,8 отсто во последните 12 месеци пријавиле психичко и сексуално злоставување од страна на своите партнери.
Comments are closed for this post.