Средбата на врвот на 20-те водечки економии во светот почна денеска во јапонскиот град Осака. Премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе ги поздрави учесниците по што почнаа дебати под претседателство на домаќинот. Абе повика лидерите да упатат категорична порака за поддршка на „слободна и фер“ трговија.


На отворањето на дводневната средба на врвот на Г-20 во Осака, Абе рече дека Јапонија ќе настојува за подобрување на системот на мултилатерална трговија и преговори за договор за економска соработка.

Денеска сакам да разговарам за мерки со лидерите со кои ќе направиме следен чекор кон реформи на Светската трговска организација – нагласи Абе.