Нови вознемирувачки откритија за бившата американска администрација-во времето на Доналд Трамп, Министерството за правда со повик побарало од комапнијата Ејпл да му достави податоци за профилите и комуникацијата на конгресмени од Демократската партија.
Заедно со повикот, обвинителството наложило да се забрани откривањето на информацијата, поради што таа станува достапна дури сега.
Од опширен напис во „Њујорк тајмс“ станува јасно дека технолошката компанија доставила метаподатоци за над 100 профили не само на членови на Конгресот, туку и на нивни роднини, вклучувајќи и малолетни лица.
Информација, што Министерството ја побарало од компанијата е од 2017 и почетокот на 2018 година. Ваквите активности на администрацијата на Трамп се оценуваат како без преседан, зашто досега нема случаи на следени конгресмени.
Comments are closed for this post.