Колумбија започна со стерилизација на „нилските коњи на Ескобар“, а планот е до крајот на 2023 година да се фатат, анестезираат и стерилизираат 20 лица.

Колумбиските нилски коњи се најголемите инвазивни животни во светот и често се нарекуваат Ескобарови или Кока нилски коњи. Озлогласениот колумбиски наркобос и најбогатиот криминалец во историјата Пабло Ескобар (1949-1993) незаконски увезол четири нилски коњи (Hippopotamus amphibius) во неговата хациенда на Напол во осумдесеттите години на минатиот век.

По неговата смрт, мажјакот и трите женки останале сами да се снаоѓаат, но убаво се „снашле“ во реката Магдалена.

Благодарение на недостатокот на суша и предатори, фактори кои вообичаено ги држат под контрола популациите на нилските коњи во нивната родна субсахарска Африка, тие брзо се намножија.