САД се во потрага по богатството на нарко босот Ел Чапо. Тој пред апсењето оставил еден вид на тестамент во кој бара парите да бидат подарени на автохтоните заедници во Мексико на кои им се заканува изумирање. Станува збор за сума од околу 12 милијарди долари кои никој не знае каде се наоѓаат.
Сепак, властите во САД велат дека немаат намера да му ја исполнат оваа желба и оти доколку парите бидат пронајдени ќе бидат искористени за санирање на штетите од неговото незаконско работење.
Ел Чепо веќе неколку месеци се наоѓа во затвор во Колорадо и е осуден на доживотна робија.
Comments are closed for this post.