Посетители, но и деца и тинејџери кои учестувале на украински брејк-денс фестивал во трговскиот центар Городок во Киев, Украина, останале шокирани кога на главниот монитор во галеријата во еден момент била проектирана свастика, при што целата слика наликува на државното знаме на нацистичка Германија.
Администрацијата на трговскиот им се извини на посетителите, правдајќи се дека нивниот компјутерски систем очигледно бил хакиран.
„Администрацијата и службите немаат никаква врска со тоа што е проектирано на ЛЕД екранот на скалите, во ниту еден случај не поддржува ваков акт. Во мементов активно истражуваме кој би можел да стои зад нападот“, стои во соопштението на трговскиот центар каде случил настанот.
Трговскиот центар се наоѓа на авенијата Степан Бандера. Улицата се нарекува „Авенија Москва“, но, во 2016 година беше преименувана по Бандера, украински националистички и нацистички соработник, поздравен во модерната Украина како национален херој.
Comments are closed for this post.