Нов инцидент со фатален крај предизвикан од електрошок од мобилен телефон се случил во Русија, објавуваат медиумите. Евгенија Сулиатиева (26) вработена како сметководителка, изгорела жива од електрошокот предизвикан од мобилниот телефон кој паднал во кадата додека таа се капела.
Полицијата соопшти дека смртта кај младата Русинка настапила во моментот кога телефонот паднал во кадата.
Ова бил осми случај во Русија кога некој губи животна сличен начини покрај тоа што се повторува предупредувањето од опасноста од употребата на мобилните во када.
Несреќната Евгенија Сулиатиева била пронајдена мртва од нејзината мајка која ја барала по телефон, но нејзината ќерка не одговарала на повиците.
Comments are closed for this post.