Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и оти се надева дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.
„Можам да ја извршувам оваа должност, имам силен личен интерес да го зачувам здравјето, и како што е реков и претходно, 2021 е заклучок на мојата политичка работа“, изјави таа на прес конференција.
„Меѓутоа се надевам, дека после (политиката) ќе биде друг живот“, додаде таа со насмевка.
На прашањето како се чувствува, Меркел одговори „добро“.
Comments are closed for this post.