Маж се поли со бензин и се запали на централниот плоштад во Прага , во време кога Чесите ја одбележуваат годишнината од самозапалувањето на Јан Палах на 16 јануари 1969, кој се жртвуваше во знак на протест против советската интервенција.
Мажот е префрлен во болница, откако минувачите успеале да го изгаснат пожарот.
Тој се запалил на Венцеславскиот плоштад , на истото место каде пред 50 години се запали Палах.
,,Според првичните информации маж роден 1964 , се полил со бензин по телото и се запалил.” објави полицијата на Прага на Твитер. Неговите мотиви за сега не се познати.
,, Го видов од далеку , притрчав и сфатив. О , Боже , тој навистина гори.Почнав да го гаснам огинот , мирисаше на бензин .” изјави девојка која била на местото на несреќата.
Comments are closed for this post.