Луксембург е првата држава во која јавниот превоз ќе биде бесплатен, а како е најавено, Владата на таа држава настојува приоритет да биде животната средина и да реши еден од најголемите проблеми – гужвата во сообраќајот.
Билетите за воз, транвај и автобус ќе бидат укинати следното лето, стои во сооштението на Владата.
Луксембург важи за еден од градовите со најголеми сообраќајни гужви во светот.
Таму живеат околу 110.000 луѓе, но околу 400.000 пристигаат во градот по работа. Истражувањата покажале дека возачите во 2016. година поминале 33 часа во сообраќајни гужви.
Во целата држава живеат околу 600.000 луѓе, а околу 200.000 луѓе живеат во Франција, Белгија и Германија и секојдневно ја преминуваат границата за да работат во Луксембург.
Comments are closed for this post.