По „спортската пропусница” од 50 евра за младите од сиромашни семејства кои сакаат да се регистрираат во спортски клуб, францускиот претседател Емануел Макрон го најави и пакетот со помош од 300 евра за сите млади. Оваа културна пропусница беше тестирана во текот на изминатите две години. а отсега ќе биде во општа употреба, јави дописникот на МИА.
Пропусницата” или поточно чекот од 300 евра младите на возраст над 18 години ќе можат да го потрошат за билети (кино, концерт, претстава, музеј, итн.), културни добра (книги, плочи, инструменти и сл.), за уметнички дисциплини, ликовна опрема или во дигитални услуги (видео игри, музика преку Интернет , некои видео платформи, онлајн печат, е-книги …).
Ова беше едно од ветувањата на Макрон во 2017- пропусница за култура од 500 евра. Сега таа ќе се генерализира на целата француска територија. Младите кои го слават својот 18-ти роденден, или 800. 000 годишно, ќе можат да добијат 300 евра од овој петок, преку апликацијата „Пас култура”. Тие ќе мора да се регистрираат во текот на нивната 18-та година и ќе можат да го користат во текот на 24 месеци. Потоа, од јануари 2022 година, ќе се понудат 25 евра за седмо, 25 евра за осмо одделение и 50 евра за трите години на средно училиште или вкупно 200 евра. Тоа се вкупно 500 евра по младо лице, што првично беше предизборно ветување на Емануел Макрон.
Пропусницата има за цел да ја засили политиката на уметничко образование и да помогне во заживување на културните сектори, подвлекува претседателството..
Од март 2020 година, според Елисејската палата, помошта за културниот сектор парализирана од пандемијата претставува повеќе од 11 милијарди евра. Објавен е нов буџет од 148 милиони за поддршка на репризата на кино салите театрите и сценските уметности со намален број на гледачи
Comments are closed for this post.