Иако со години се мислеше дека дрогата е најсигурниот начин на заработка за криминалните групи, тоа повеќе не е така.Новиот тренд го воведе италијанската мафија која се сврте кон кражба и препродажба на уметнички слики.
Предноста на уметничките слики е што тие и да не се продадат веднаш откако ќе бидат одземени нивната вредност не само што не паѓа туку се зголемува.
Кражбите најчесто се вршат во големите галерии но и кај приватни колекционери, а делата достигнуваат цена и по неколку милиони евра. Препродажбата оди преку лица кои се упатени во уметничките води и кои имаат добри релации со љубителите на „убавината на платно“.
Во 2017 во Италија од приватни куќи, музеи и цркви се украдени 6.255 уметнички дела, а делата речиси никогаш не им се враќаат на вистинските сопственици.
Comments are closed for this post.