Колумбискиот град Меделин важи за царство на наркодилерите и зависниците од дрога. Но, родното место на неславниот Пабло Ескобар, во март бележи рекордно ниска стапка на убиства. Причина за тоа, најверојатно, е корона-кризата, соопштуваат властите.
Во градот минатиот месец биле убиени вкупно 18 лица. Вкупниот број убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 отсто во однос на истиот период лани.
– Овие бројки се историски. Не можеме да негираме дека изолацијата поради пандемијата има и позитивни последици, вклучително и намалувањето на криминалот, изјави Хозе Херардо Ацеведо, претставник на градските власти.
Ескобар го создал картелот за наркотици во Меделин во 1980-тите. Самиот тој се смета за одговорен за најмногу 6.000 убиени луѓе до конечниот судир со полицијата 1993 година. Но, и по неговата смрт, властите постојано се борат со доминацијата на картелите во градот
Comments are closed for this post.