Еден од најдобрите транспортери што се произведува е турската „Кобра“. Произведен е од автомобилска индустрија „Отокар“ и обезбедува заштита од огнено оружје, артилериски шрапнел, противтенковски и противпешадиски и експлозивни направи.
Вооружувањето на „Кобра“ се состои од митралез од 12,7 мм, топови од 20 мм, автоматски фрлач на гранати од 40 мм и противтенковски или ракети од земја-воздух.
Многу е сличен со „Хамер“ а се напојува со турбо дизел мотор, V8 RPO L65, кој му дава моќност од 190 КС и се пренесува преку 4-брзинскиот автоматски менувач Hydra-Matic 4L80E, дозволувајќи му на возилото најголема брзина од 115 km / h.
Максималното растојание со кое Кобра може да патува со еден резервоар е 600 км.
Comments are closed for this post.