Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер рече дека 27-те членки на Европската унија се едногласни во одлуката да нема повторно преговори за Спогодбата за Брегзит.
Лидерите на тие земји, без Тереза Меј, дискутираа за процесот на Брегзит, кој сега е во застој, и ја отфрлија идејата дека новиот британски премиер може да почне нови преговори за излез на Велика британија од ЕУ.
Eдногласно повторивме дека нема да има повторени преговори за постоечкиата спогодба, рече Јункер.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја остави отворена можноста политичката спогодба која е проложена на спогодбата за правно повлекување може да биде предмет на разговор.
Велика британија би требало да ја напушти ЕУ на 31 октомври годинава.
Comments are closed for this post.