Јапонската Влада го одобри петгодишниот план за одбрана со кој се предвидува Воената морнарица на Јапонија да се опреми со два носачи на авиони.
Тоа ќе биде првпат по Втората светска војна во составот на Вооружените сили на Јапонија да има и носач на авиони.
Ваквата одлука Владата во Токио ја оправдува со „зголеменото воено влијание на Кина во регионот”.
Со планот се предвидува два од постоечките носачи на хеликоптери да се модифицираат во бродови што ќе можат да служат за полетување и слетување на авиони од типот Ф-35Б.
Тоа нема да бидат класични носачи на авиони, бидејќи леталата нема да бидат постојано стационирани на нив, туку ќе се користат само како логистика за слетување и полетување на ловците при одбранбени операции.
Планот на јапонската Влада предвидува во следната деценија Јапонија да купи 42 ловци Ф-25Б и 105 летала од типот Ф-35А.
Јапонскиот Устав предвидува дека Вооружените сили на Јапонија имаат само одбранбен какарктер и дека не может да учествуваат во воени операции во странство.
Јапонската Армија брои 250.000 лица и за нејзините потреби до март 2024 година се предвидени 215 милијарди евра.
На најавата на новиот јапонски план за одбраната реагиташе официјален Пекинг, кој изрази незадоволство од него и ја повика Јапонија „да се придржува кон чисто одбранбената воена политика”.
Comments are closed for this post.