Секој втор Германец исламот го смета за закана, се наведува во истражувањето на фондацијата „Бертелсман“.
На истокот на Германија дури 57 отсто од испитаниците изјавиле дека исламот го сметаат за закана, додека во западниот дел од земјата оваа бројка е малку помала и изнесува 50 отсто.
Авторите на студијата предупредуваат на опасноста од поедноставени интерпретациии на резултатите од нивното истражување.
Резултатите укажуваат на тоа дека станува збор за распространета скептичност кон исламот, која, меѓутоа, не може да се поистовети со исламофобија, изјави Јасемин Ел Менур, експерт за верски заедници во фондацијата „Бертелсман“.
Деталното истражување покажува дека во многу случаи постои воздржаност кон исламот.
Очигледно е дека многу луѓе на исламот гледаат помалку како на вера, туку пред се како на политичка идеологија и заради тоа оваа вера е исклучена од верската толеранција, објасни Ел Менур.
Comments are closed for this post.