Седум Американци загинаа откако хеликоптер се урна што летал од островот Биг Гранд Кеј на Бахамите до Форт Лодердејл во Флорида, соопшти полицијата на Бахамите.
Меѓу жртвите е Крис Клајн, милијардер и рударски претприемач од Западна Вирџинија, објави весникот „Реџистер Хералд“ од Беркли, кој се повикува на гувернерот Џим Џастис.
Полицијата соопшти дека хеликоптерот исчезнал кратко време откако полетал од островот, а властите и локалните жители го пронајдоа местото на несреќата околу три милји од Гранд Кеј.
Полицијата ги идентификуваше жртвите – четири жени и тројца мажи.
Comments are closed for this post.