Хакерите „Анонимуси“ се заканија со одмазда на британскиот естаблишмент поради апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Ослободете го Асанж или ќе платите – се наведува во соопштението објавено на порталот „Anonews“, пренесе „Спутник“.
Во соопштението се наведува дека основачот на „Викиликс“ секоја година од 2010 година е предлаган за Нобелова награда за мир, додека за неговиот случај пишуваа светските медиуми.
Го сакаат во целиот свет, посебно оние кои се доволно паметни да видат преку пропагандата која ја оправдува надворешната политика на САД и нивните сојузници – се наведува во соопштението.
Асанж во 2010 година во Шведска беше обвинет за сексуален престап, кој го негираше. Шведскиот суд распиша меѓународна потерница за него, по што Асанж беше уапсен во Лондон, но набрзо беше пуштен со кауција. Случајот против него во Шведска беше затворен во 2017 година, но по вестите за неговото апсење, шведското обвинителство соопшти дека разгледува можност за обнова на истрагата.
Comments are closed for this post.