Видео портал Јутјуб чии сопственик е Гугл, обвинети се за кршење на закони со изложување на деца на несоодветни видеа или собирање лични информации за нив. Тие ќе платат казна од 170 милиони американски долари во САД, објави денеска Агенцијата за заштита на потрошувачите.
Сепак, ова е досега далеку најголема казна во случај што се однесува на заштита на приватноста на децата.
Во април 2018 година, 23 организации за права на Интернет и заштита на децата поднесоа жалба до Агенцијата за заштита на потрошувачите.
Тие го тужеа Јутјуб дека без знаење на родители собира лични подаотци на малолетници (место, уред што го користат, телефонски број) без знаење на нивните родители и ги користат за целни реклами.
Comments are closed for this post.