Го убила својот љубовник и го зготвила

21.11.2018 / 21:15


Државјанка на Мароко обвинета е дека го убила и зготвила својот љубовник, а после неговите посмртни останки ги послужила како оброк на пакистанските работници во Обединетите Арапски Емирати, соопштиле од обвинителството.

Обвинителите наведуваат дека Мароканката овој човек го убила пред три месеци, но злосторството било неодамна откриено, откако во блендерот во нејзината кујна бил пронајден човечки заб.

Државниот весник во ОАЕ „Нешнал, јавил дека таа го признала убиството во полиција, нарекувајќи го тој чин “момент на лудило“.

Против триеседгодишната Мароканка ќе биде покрената судска постапка.

Мароканката со жртвата била седум години во врска, а „Нешнл“ јавува дека го убила откако и соопштил дека планира да се венча со друга жена од Мароко, пренесува „БиБиСи“.

Полицијата не открила како е убиен мажот, но соопштила дека Мароканката неговите посмртни останки ги послужила како оброк за пакистанските работници, како дел од традиционалното јадење од ориз и месо.

Убиството на мажот бил откриено кога неговиот брат го побарал во неговата куќа во Ел Ајн, на границата со Оман и тогаш во блендерот пронашол заб.

Братот исчезнувањето го пријавил во полицијата, која со ДНК тест утврдила дека забот припаѓал на жртвата.

Полицијата соопштила дека Мароканката прво изјавила дека својот љубовник го истерала од куќата, но подоцна го признала убиството, како и тоа дека повикала пријател да и помогне да го исчисти станот после убиството.

Обвинетата е испратена во психијатриска болница.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Во Доминиканската Република пожар ист како во Кочани (ВИДЕО)

пред 12 часа
Свет

Oва се белите дробови на руските војници кои се пикаа во цевки со отровен гас ( ВИДЕО)

пред 2 недели
Свет

Денеска разговор Трамп-Путин

пред 3 недели
Свет

Украина ги даде и минералите

пред 4 недели
Свет

Хилари Клитон му платила на Вселенскиот патријарх 20 милиони долари за да се создаде Православна црква на Украина

пред 4 недели
Свет

Koj сака да работи има работа: Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

пред 4 недели
Свет

Maск: Линијата на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам „Старлинк“

пред 1 месец
Свет

Зеленски прво потпишал преддоговор со Велика Британија за минералите, затоа Трамп збеснал!

пред 1 месец
Свет

Додека Украина е во војна во Одеса има луди журки со згодни Украинки ( ВИДЕО)

пред 1 месец
Свет

Tрамп го секна оружјето за Украина

пред 1 месец