Најмалку 275 британски компании од финансискиот сектор се преселија или планираат да ги преселат активите од земјата како дел од подготовките за повлекување на Велика Британија од Европската унија, се наведува во извештајот на експертската група New Financial LLP, во кој се очекува износот на изнесените средства да достигнува скоро 1 трилион британски фунти.
Банките веќе преселија средства во висина од 800 милијарди фунти кон другите земји од ЕУ, кое сочинува околу 10% од целиот банкарскиот систем на Обединетото Кралство, додека осигурителните компании и менаџерите на финансиски средства преселија околу 35 и 65 милијарди фунти. Повеќето од фирмите се преселија во Даблин, Луксембург, Париз, Франкфурт и Амстердам.
Аналитичар од New Financial LLP исто така изрази мислење дека дополнително ќе бидат извезени уште средства и дека сегашните преместувања претставуваат едвај само „првата фаза“.
Comments are closed for this post.