Убиениот американски новинар со саудиско потекло Џамал Кашоги е прогласен за личност на годината во избор на престижниот магазин Тајм.
Како што се наведува, лауреатот го делат и други новинари „Чувари“ (Guardians) меѓу кои се Марија Реса, Ва Лоне, Кјав Сое Оо и новинарите кои беа жртви во нападот врз редакцијата на весникот Капитал Газета.
Медиумските работници добиле предност пред Роберт Милер, шефот на истражниот тим кој се бави со наводното руско мешање во претседателските избори во САД.
Тој во гласањето го освои третото место, додека американскиот претседател Доналд Трамп останал на второ место.
Во финалниот избор се нашол и рускиот лидер Владимир Путин.
Comments are closed for this post.