Односите меѓу Куба и САД, коишто беа воспоставени во време на поранешниот американски претседател, Барак Обама, рапидно се влошуваат, изјави претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел.
Гостувајќи во телевизиско интервју, Канел го повика својот американски колега, Доналд Трамп, да воспостават дијалог базиран на взаемно почитување.
Не отфрламе можност за дијалог, но тој мора да се базира на почитување, не смее да се
ставаат услови за одредени наши убедувања – истакна кубанскиот претседател за Телесур.
Дијаз-Канел додаде дека неговата влада не е оптимистична во поглед на одржување состанок ако владата на САД остане на своите скандалозни ставови.
Comments are closed for this post.