Жена со голи гради и натпис „Лажен миротворец“ истрча денес на испразнетата авенија Шанзелизе додека по неа минуваше конвојот со американскиот претседател Доналд Трамп кон Триумфалната капија, каде се одржува главната прослава на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
Во моментот на минувањето на автомобилот со американскиот претседател и неговата придружба, една девојка во топлес се обиде да го пробие силниот безбедносен коридор и да истрча на авенцијата. Таа беше брзо совладана од безбедносните служби.
Радикалната феминистичка група Фемен од Париз соопшти дека стои зад инцидентот. Фемен често изведува шокантни перформанси против сексизмот, расизмот, хомофобијата и други негативни политички и општествени појави.
Comments are closed for this post.