Девојка се разнела со експлозив кај полициска станица во Грозни, но при нападот нема загинати, ниту повредени лица.
В.Д. министерот за внатрешни работи на Чеченија, Апти Алаудинов појасни дека жената додека поминувала низ контролен полициски пункт ја активирала експлозивната направа.
Алаудинов наведе дека полицајците забележале оти девојката се однесува чудно и побарале од неа да ги покаже личните документи. Таа не ги покажала и тргнала кон пунктот, по што полицајците забележале дека носи експлозив и веднаш испукале предупредувачки истрел, а таа го активирала експлозивот.
Во тек е утврдување на идентитетот на жената.
اللحظات الأولى لتفجير امرأة نفسها قرب مركز للشرطة فى العاصمة الشيشانية #جروزنى#إرم_نيوز #Grozny pic.twitter.com/qSDnxhknUs
— إرم نيوز (@EremNews) November 17, 2018
Comments are closed for this post.