14-годишно дете загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар Лобња, недалеку од Москва, пренесува Тас, повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

Според тој извор, детето се обидело да ја демонтира бомбата во детскиот воено-патриотски центар, кога уредот експлодирал.

Артеријата на детето била оштетена што веднаш починало!

Изворот додаде дека детето останало без надзор на возрасните.

Експлозијата не предизвика штета или пожар.

Прес центарот на обвинителството соопшти дека е покрената истрага поради несовесно ракување со оружје.