Поранешен вработен како Дедо Мраз во маркет на Волмарт, е уапсен за убиство на своите две деца откако нивните тела биле пронајдени во дворот зад нивната куќа во градот Гајтон, Џорџија, САД.
Обвинетиот Елвин Крокер Сениор (50) никогаш не ги пријавил своите деца за исчезнати, иако неговиот син Елвин Џуниор никој не го видел од ноември 2016 година кога тој имал 14 години. Алармот кај локалната полиција се вклучил дури неодамна, кога и неговата исто така 14-годишна ќерка Мери мистериозно исчезнала.
Следел претрес на нивниот дом, па така мртвите тела биле пронајдени. Аутопсијата го потврди идентитетот на децата.
Заедно со Елвин Сениор, биле уапсени и неговата сопруга, инаку маќеа на починатите малолетници, како и неговата тешта и нејзиниот љубовник. Истрагата е во тек.
The Effingham County Sheriff’s Office is continuing to investigate the gruesome discovery of two young children buried in the backyard of a home in Guyton.
Posted by Effingham County Sheriff’s Office on Friday, December 21, 2018
Comments are closed for this post.