Британија би можела да отвори две нови воени бази на Карибите и во Југоисточна Азија во намера да го зацврсти своето воено присуство и да се прогласи за „вистинска светска сила“ по Брегзит, тврди Гевин Вилијамсон, британскиот секретар за одбрана.
Вилијамсон сугерира дека Британците би требало „да бидат многу поголеми оптимисти“ за иднината на Велика Британија по Брегзит. Тој објави дека политика од 1960. за повлекување од регионите „источно од Суец“ е завршена, а Велика Британија ја искористила шансата да „ја врати“ својата улога на светската сцена.
Зборувајќи за неделен „Телеграф“, Вилијамсон вели:„Добиваме многу поголем оптимзиам за нашата иднина по излегувањето од Европската унија“. „Ова е нашиот најголем момент за нацијата по Втората светска војна, кога можеме да ја повратиме улогата за нас на поинаков начин, ние всушност можеме да играме улога на светската сцена која светот ја очекува од нас. Предолго, буквално со децении, премногу од нашите национални ставови всушност беа обоени со дискусии за Европската унија. Сега е нашиот момент да станеме повторно вистинска светска сила, и јас мислам дека армиските сили играат навистина важна улога за тоа“, истакнува Вилијамсон.
Топј додава дека очекува драматичен пресврт на политичкиот фокус по излегувањето на ВБ од Унијата, така што Британија ќе гради поблиски релации со Австралија, Канада, Нов Зеланд, карипските држави и нациите низ Африка.
Comments are closed for this post.