Советникот за рброспки прашања на новиот британски премиер, Давид Фрост, денеска во Брисел ја пренесе пораката дека неговата земја ќе ја напушти Европската унија на 31 октомври „без разлика на околностите“, изјави денеска портпаролот на британската Влада, пренесоа западните медиуми.
Портпаролот соопшти дека советникот Фрост имал средби со клучните европски функционери и дека им ја врачил личната порака од премиерот Борис Џонсон дека „Обединетото Кралство ја напушта ЕУ на 31 октомври без разлика на околностите“.
-Енергично ќе работиме на спогодбата, но „backstop“ мора да биде укинат. Доколку не бидеме во состојба да постигнеме спогодба, тогаш секако ќе ја напуштиме ЕУ без спогодба, изјави портпаролот, пренесоа британските медиуми
Comments are closed for this post.