Граѓаните на Обединетото Кралство, според едно истражување, веќе имаат набавено семејни залихи во износ од 4 милијарди фунти, околу 4,2 милијарди евра, резерви кои сметаат дека ќе им бидат потребни во периодот по излегувањето од Европската унија.
Британскиот весник „Гардијан“ пишува, врз основа на истражувањето, дека еден од пет Британци скалдирал храна, пијалоци или лекови заради приближувањето на Брегзит. Во просек, секој потрошил нешто повеќе од 400 евра за тоа, додека 800.000 луѓе потрошиле дури и повеќе од 1000 евра на нивните резерви за итни случаи.
И компаниите размислуваат да складираат резерви, а синџирот на пици „Доминос“ како резерви има 7 милиони евра во продукти неопходни за производство на пиците како замрзната туна, ананас, кечап и замрзнато пилешко.
Ваквата психоза кај населението е предизвикана од најверојатното сценарио – Брегзит без договор со ЕУ, а тоа претпоставува зголемување на цените на производите, но и можен недостиг, особено не лекови.
И додека обичните смртници размислуваат за набавкана резерви храна и пијалоци, „Гардијан“ пишува дека богатите веќе се снабдуваат со скапи луксузни автомобили, чиј увоз е зголемен за цели 16 проценти во однос на претходните 12 месеци. Се проценува дека давачките за увоз на луксузни автомобили по Брегзитот ќе се зголемата за една третина.
Инаку, британската влада, резервираше дополнителни 2,3 милијарди евра за да ја подготви земјата за напуштање на Европската унија без договор. Парите одат во царинската и граничната полиција, голема информативна кампања и купувањето и складирањето на лекови. Околу 6 милијарди евра веќе се издвоени за без договор за оваа година.
Comments are closed for this post.