Белгискиот синдикат за транспортери, „Фебетра“, побара од министерот за внатрешни работи да преземе мерки за да им се стави крај на протестите на „Жолтите елеци.
Слично како и во Франција, движењето на „Жолтите елеци“ протестира од средината на ноември ширум Белгија, главно преку блокирање на автомобилите и камионите на кружните текови и автопатите во земјата и на тој начин бара подобар животен стандард.
Од почетокот на движењето, најмалку десет лица загинаа како резултат на нивните протести.
Синдикатот „Фебетра“ бара од министерот за внатрешни работи на Белгија, Питер Де Крем да преземе мерки за да им се стави крај на блокадите и предупредува дека „безбедносната ситуација станува неподнослива“ за шоферите.
Сакаме властите да преземат мерки за да им се стави крај на блокадите, шоферите и нивните возила се нападнати, навредувани, камионите се оштетуваат, тензијата расте, алармира синдикатот во соопштение.
Comments are closed for this post.