Две лица се полеснo повредени кога возило влетало меѓу група од околу 50 луѓе коишто стоеле пре еден бар во францускиот град Ним, по што удрило во заштитните бариери.

Според француските медиуми, по инцидентот, 32-годишниот возач на автомобиот марка „Пежо“ се обидел да избега, но бил фатен од присутните, кои почнале да го тепаат. По доаѓањето на полицијата, возачот на „Пежото“ бил префрлен во болница.


Некои очевидци изјавија дека при влетувањето кон толпата пред барот мажот извикувал „Алах е голем“, но Обвинителството случајот не го третира како терористички напад и против возачот е покрената истрага за обид за убиство.