Актерот и комичар Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина, јавува „Асошиетед прес“ .
Медиумот се повикува на излезна анкета што ја спрове Киевскиот институт за социологија и Центарот за испитување на јавното мислење „Разумков“.
Зеленски во вториот круг освои 73,2 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Петро Порошенко 25,3 отсто.
Анкетата е заснована на повеќе од 13.000 одговори на прашања лице в лице на 300 гласачки места, два часа пред затворањето на избирачките места. Авторите на анкетата тврдат дека границата за грешка е три отсто.
Comments are closed for this post.